Шпанците одиграа колку што треба за победа над Јапонија

Репрезентацијата на Шпанија ја оствари и третата победа на Мундијалот во Германија и Данска. По Бахреин и Исланд, избраниците на Жорди Рибера ја совладаа и Јапонија со 26-22.

Во првиот дел изненадувачки водеа Јапонците и го диктираа темпото, а Шпанија првриот гол го постигна дури по осум минути игра. „Самураите“ ниту еднаш не ја испуштија предноста и на пауза се замина со нивно водство, 10-11.

Во второто полувреме сепак работите си дојдоа на своето место и со серијата од 6-1, европскиот првак стигна до 16-12, па до крајот се играше полесно, иако Јапонците во ниту еден момент не се предадоа.

Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Феран Соле со осум голови и Раул Ентрериос со пет, додека кај Јапонија се истакна Токуда со седум голови.