Шпанската „фурија“ го освои Загреб и ја покори Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шпанија е новиот европски првак и тоа по првпат во својата историја. Ракометарите од Шпанија имаа одличен дуел против Шведска и успеаја на крајот да излезат како победници со што конечно стигнаа до трофејот кој недостигаше.

300x250

Конечниот резултат од 29:23 е доказ дека Шпанците доминираа на теренот особено во вториот дел кој го добија со осум гола разлика. Имаа дури 17:9 во вторите 30 минути и тука го решија дуелот.

Ова беше финале со многу дуели и возбудувања, а како изгледаше оваа средба погледнете низ фотографиите.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”random” special_effect=”none” animation_effect=”bounce” album_title=”false” album_id=”280″]