Шпанија не виде многу мака против Бахреин

По победите на Македонија и Хрватска над Јапонија и Исланд, на последниот натпревар од групата Б, според очекувањата европскиот шампион Шпанија славеше без поголеми проблеми над азискиот претставник Бахреин со 23-33.

Во првиот дел Бахреинците одржуваа каква-таква рамнотежа на теренот, но во финишот попуштија и Шпанија се одлепи на +6, 9-15, а на пауза се замина со 11-16 за „фуријата“.

На стартот на вториот дел Бахреин се врати на минус три, 15-18, но тоа беше се од момците на Арон Кристијансон, кои губеа и со 12 голови разлика, 21-33. До рајот успеаја да намалат на десет погодоци, 23-33.

Во второто коло Шпанија ќе игра против Исланд, Хрватска оди на мегдан на Јапонија, додека Македонија ќе се сретне со Бахреин.