Шпанија завиена во црно: Загинаа двајца ракометари во близина на Барселона

Доцна синоќа во областа Валгоргуина во близина на Барселона животот го загубија двајца ракометари, еден е тешко повреден и еден полесно после судир на возилото Renault Megane со камион. Со автомобилот управувал еден од починатите ракометари, а починал и играчот кој седел на совозачкото место.

Автомобилот е целосно уништен, но нема конкрентни информации како дошло до несреќата и до судирот на автомобилот и камионот. Она што е познато е дека автомобилот удрил во задниот дел на камионот и веројатно брзината не била прилагодена за условите на патот. При несреќата починале младиот ракометар на Грањолерс, Марти Гарсија и поранешниот член на клубот Хавиер Фуентес.

Тие тргнале за да го следат фудбалскиот натпревар меѓу Жирона и Селта, но не успеале да стигнат на стадионот бидејќи по пат доживеале тешка сообраќајна несреќа. Во истата тешко е повреден уште еден млад играч на Грањолерс. Пау Наваро поради сериозноста на повредите е префрлен во болницата во Барселона, додека Оскар Ојер кој исто така бил на задното седиште милнал со полесни повреди.

Оваа несреќа ја зави во црно ракометна Шпанија, па од Ракометната федерација веќе најавија дека средбите од следното коло ќе почнат со едноминутно молчење.