Шпанецот не доаѓа во Вардар: Сиера потпиша за францускиот Саран!

Многу голмански имиња се споменуваа како наследници на Арпад Штербик во дресот на Вардар, но како одминува времето, станува јасно дека тоа нема да биде некој познат голман. Шпанскиот репрезентативец Хозе Мануел Сиера беше споменуван низ македонските медиуми како нов ракометар на европскиот шампион, но во меѓувреме тој преговараше за трансфер во унгарскиот тим Татабања.

Откако завршија неуспешно преговорите со амбициозниот тим од Унгарија, се активираше план Б, а тоа беше францускиот Саран. Сиера потпиша за Саран на две сезони и ќе му се придружи на неговиот сонародник Чема Родригез, кој од лани игра таму. Шпанецот досега бранеше за Барселона и ПСЖ, а во моментов е голман на ПИК Сегед.