Шола: Клубовите имаа подобри услови во 1991 година отколку денес

Поранешната голманска легенда на Хрватска- Владо Шола, по четиригодишната тренерска авантура во Катар се врати во Хрватска каде застана на чело на ракометниот клуб Дубрава.

Шола е задоволен со игрите на својата екипа во оваа сезона, а во интервју за “вечерњи” ја потенцираше и разочараноста од условите со кои се соочуваат хрватските клубови.

“Нема да згрешам ако кажам дека клубовите имаа подобри услови во 1991 година. Нема повеќе спонзори на кои донацијата во спортот им се одбиваше од порезот. Државата ја затвори таа врата, а не остави некое алтернативно решение како би се вложувало во спортот”- истакна меѓудругото  Шола.