Шола за 24 Ракомет ТВ: Вардар ни покажа дека ракометот е жив, не е сè во парите (ВИДЕО)

Еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот во Хрватска, Владо Шола сезонава е предводник на новиот тим во СЕХА-лигата, Пекинг универзитет и тој ги предводи во натпреварите на кои Кинезите собираат искуство.

Ова е ново искуство и за него, а самиот вели дека ја добил работата поради одличното искуство кое го имал во Катар каде што работел четири години.

Покрај ова Шола коментираше и за Вардар и неговата втора титула во Лигата на шампионите освоена после многу проблеми на финансиски план со што се гордее со „црвено-црните“ бидејќи покажале дека не е сè во парите и дека ракометот е уште жив.

„Драго ми е што Вардар пак ја освои Лигата на шампионите. Клубот се најде во проблематична ситуација и цела Европа говореше за тоа што се случуваше. Имаше турбуленции и беше прашање што ќе биде со клубот и со играчите. Повторно се покажа дека парите не се пресудни за освојување за натпреварување како што е Лигата на шампионите. Тие се важни кога тимот се селектира, а Вардар покажа дека овие момци се квалитетно селектирани што се потврди двапати во последните три сезони. Можеа да се откажат во некој дел од сезоната поради проблемите, но покажаа дека се вистински спортисти и го направија тоа на најдобар можен начин“, коментираше Шола во интервјуто за 24 Ракомет ТВ.

Комплетното интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение.