Шок за фаворитот: Преспа со гол од пенал ги запре стружани

Стружани влегоа во пролетниот дел од сезоната во Првата машка лига со големи амбиции, но налетаа на расположените ракометари на Преспа и сега се вратија чекор назад во битката за 2. позиција.

300x250

Со гол постигнат од линијата од седум метри во последната минута домашните стигнаа до триумф, па го оставија составот на Струга без бодови. Ова беше меч во кој гостите беа во предност во најголемиот дел од мечот, но не издржаа во финишот.

Неизвесноста во првите 15 минути набрзина ја снема кога Струга поведе со 9:5 после серија од 5:0. Тука беше направена позитива која беше чувана речиси до крајот на првиот дел. Сепак, на одмор Преспа имаше 8:10 откако постигна да гола пред паузата.

Во вториот дел Преспа успеа да се врати и да израмни на 12:12. Тука почнаа возбудувањата, но се чинеше дека Струга има контрола на играта бидејќи одново дојде до предност и поведе со 16:13. Сепак, тука почна кризата во играта на гостите, па серија од 4:0 за Преспа значеше и целосен пресврт и на десет минути до крајот тимот од Ресен дојде до водство.

И двете екипи се менуваа во водсто, а во последната минута  влегоа со нерешени 20:20. Средбата ја решаваше удар од седум метри. Антонио Наумовски беше прецизен и со тоа и пресуди на Струга и ја врати чекор назад во битката за бараж за пласман во Супер лигата.

ПРЕСПА – СТРУГА           21:20 (8:10)

Сала: „Зоран Стојановски“ од Скопје. Гледачи: 500. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ПРЕСПА: Котевски, Ставревски, Шиклевски,Ѓоргиевски, Даскаловски 6, Шабединовски 3, Јошевски 2, Савевски, Павловски 1, Касовски, Тунтевски, Камчев 4, Тасевски, Стефановски, Наумовски 5.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 10 мин.

СТРУГА: Мечкароски, Стојаноски, Попоски, Кузманоски 2, Крстаноски, Милески, Трајкоски, Јанкулоски 6, Нацев 3, Јасмин, Башевски 3, Тренчевски 3, Гронки, Бајрамоски 1, Белески 2, Нацев.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: