Шок за три секунди: Лемго го матираше Вецлар на Миркуловски (ВИДЕО)

Екипите на Лемго и Вецлар го одиграа најинтересниот натпревар во 2. коло од Бундес-лигата и во него имаше максимална неизвесност. Победникот беше решен во последните три секунди кога домашните направија акција со која ја матираа одбраната на Вецлар, па тимот на Миркуловски испушти шанса за да дојде до бодови на ова гостување.

Во текот на целиот дуел Вецлар имаше добра игра и му парираше на противникот. Успеа да се избори за добар резултат до крајот, но во последните секунди одбраната не беше на потребното ниво и тоа придонесе гостите да си заминат со пораз.

На оваа средба капитенот на Вецлар, Филип Миркуловски имаше добра партија. Тој имаше 75 проценти реализација. Погоди трипати од четирите шута кон голот на Лемго. Покрај тоа Миркуловски подели и две асистенции.

Сепак, работите излегоа од контрола во последните секунди, а како изгледаше последната акција можете да погледнете во видеото на следниот ЛИНК.