Шишкарев за 24Ракомет ТВ: Не очекувавме ваков отпор од Нант! (ВИДЕО)

Десното крило на македонскиот шампион,Вардар, Данил Шишкарев е задоволен од извојуваната победа против Нант во второто коло од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ не блескаа на вториот дуел од елитното натпреварување, прв пред домашна публика, но на крајот успеаа да прослават нови два бода со победата од 27-23. Шишкарев ја делеше минутажата со Иван Чупиќ на овој дуел.