Шишкарев го има најубавиот гол на дербито (ВИДЕО)

На средбата меѓу Вардар и Металург имаше голем број на интересни моменти и убави погодоци, а добрата игра на стартот е најава за интересни пресметки во СЕХА лигата, но и во Лигата на шампионите.

Како што е вообичаено секогаш се бираат најубавите погодоци на овие средби, а за дуелот во СЦ „Јане Сандански“ признанието за најубавиот гол е за Данил Шишкарев.

Десното крило на Вардар имаше солидна партија и покажа дека и во новата сезона влегува во добра форма и сигурно со тек на времето истата ќе се крева.

Како изгледаше погодокот кој е избран за најубав од дуелот меѓу Вардар и Металург и е дело на Шишкарев погледнете во видеото во продолжение.