Шипиќ за 24 Ракомет ТВ: Не е момент да коментирам за трансфер во Вардар (ВИДЕО)

Пивотот на Нексе, Марин Шипиќ после средбата со Еурофарм Работник не беше задоволен од прикажаното поради тоа што не успеа заедно со своите колеги да се избори за нова победа и за пласман во четврт-финалето од Купот на ЕХФ.

Поради она што го прикажаа на теренот тој не сакаше премногу да коментира на прашањето дали постои вистина во информациите дека преговара со Вардар за менување на средината за следната сезона и за облакање на „црвено-црниот“ дрес.

„Во моментов морам да размислувам само за мојот клуб каде што играм во моментов. Како што можете да видите не одигравме како што треба против Еурофарм Работник и сега да споменувам нешто за некаков трансфер не би било добро. Прво мора да се сконцентрирам на задачата во клубот, а потоа ќе биде лесно за понатаму“, изјави Шипиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава дадена после натпреварот против Еурофарм Работник во Битола можете да ја проследите во видеото во продолжение.