Шешум ќе му помага на Стојановиќ во Металург

Екипата на Металург во новата сезона ќе има големи промени, а покрај новиот тренер ќе има и нов кондициски стратег кој ќе се грижи за ракометарите од тимот од Автокоманда. Нов кондициски тренер е Марко Шешум еден од најдобрите тренери во оваа област во Србија.

Стратегот од Нови Сад, кој е постар брат на ракометарот Жарко Шешум ќе биде дел од Металург и ќе работи со екипите кои се во Супер лигата. Тој ќе биде дел од стручниот штаб на новиот тренер на „металурзите“, Дамир Стојановиќ.

Шешум има работено во тимот на Војводина, а соработувал со поранешниот тренер на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ.

Со ова почнува комплетирањето на тренерскиот тим на Металург за новата сезона, а воедно почнува и готвењето на планот за новата сезона.