Шешум: Непотребно се дига медиумска фама пред дуелот со Хрватска

Европското првенство започнува денеска со балканското „Ел Класико“ меѓу Хрватска и Србија, кое ќе биде одиграно во Сплит. Капитенот на српската репрезентација, Жарко Шешум, вели дека се дигнала непотребна медиумска фама пред натпреварот, но дека е уверен дека на теренот се ќе биде спортски.

300x250

„Се дигна непотребна медиумска фама. Тоа е непотребно, но мора да се разбере. Тоа дерби во сите спортови е специфично. Малку е смешно и чудно што сега сите наеднаш зборуваат за ракометот и за ЕП. Така е како што е, така функционираат медиумите, сепак на крајот се работи за кликови. Тоа нас не ни создава дополнителна тензија, ниту притисок. Тензија постои самата по себе на стартот на секое големо натпреварување. Сигурен сум дека на теренот ќе биде се спортски и фер меѓу нас. Ќе биде посебно доживување да се игра во таква атмосфера.“ – вели Шешум.

Натпреварот се игра денеска со почеток во 20:30 часот во „Спаладиум“ во Сплит, а првиот дуел од групата А меѓу Шведска и Исланд започнува од 18:15 часот.