Шест ракометари денеска го играат 20. меч на Европските првенства

Дури шест ракометари коишто го носат дресот на Македонија денеска ќе го одиграат мечот број 20 на Европските првенства. Со оглед на тоа што Велко Маркоски не се најде во оние 16 кои ќе отворат на шампионатот против селекцијата на Словенија јасно е дека тој ќе ја чека шансата за меч број 20 на некој од следните дуели.

300x250

Оттаму денеса шестмина ќе запишат нов меч на ЕП и ќе стигнат до бројката од 20 натпревари.

Инаку, досега осум играчи беа на врвот со вкупно 19 натпревари на Европските првенства. Се работи за: Кире Лазаров, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Велко Маркоски, Борко Ристовски, Ацо Јоноски, Дејан Манасков и Влатко Митков.