Шего: Македонците ме натераа да трчам како никогаш во кариерата!

Марин Шего продолжи со одличната форма и сјајните одбрани во првите три натпревари од Мундијалот во Германија и Данска и веќе собра 34 одбрани. Одличен беше и на мечот со Македонија и забележа 12 одбрани.

„Во добра форма сум и се надевам дека ќе иде вака добро и понатаму. Трчав како никогаш досега во кариерата. Од првата до последната минута бевме концентрирани, иако не беше лесно против Македонија, која игра брзо и атрактивно. Заслуживме да победиме“, вели Шего.

Следниот натпревар Хрватска го игра против Бахреин, додека Македонија ќе има голем предизвик во европскиот шампион Шпанија.