Шего за 24 Ракомет ТВ: Македонија е сериозен состав со сериозен тренер… (ВИДЕО)

Голманот на Хрватска, кој беше во комбинација за доаѓање во Вардар, а потпиша за Монпелје, Марин Шего е во добра форма на првенството и ќе биде сигурно голема пречка на утрешниот дуел против Македоија. Тој после денешната средба против Јапонија рече дека нема да се препушти ништо на случајот.

„Македонија е сериозна репрезентација која ја респектираме. Се работи за сериозен тим со сериозен тренер и многу квалитетни ракометари. Мораме добро да се подготвиме за овој натпреар бидејќи не очекува навистина тежок дуел“, коментираше Шего за 24 Ракомет ТВ.

Ова е јасно дека Хрватите не се опуштаат и дека утре ќе биде виден одличен ракомет, а натпреварот се игра од 18 часот.

Комплетнат изјава на Шего за 24 Ракомет ТВ можете да ја видите во видеото во продолжение.