Шеваљевиќ заминува од Тулуз

Црногорскиот репрезентативец Васко Шеваљевиќ на лето ќе се замине од Тулуз, но нема да ја напушти Франција. Левиот бек, кој често игра и на плејмејкерската позиција ќе ги засили редовите на Трембле, сегашен второлигаш, а во следната сезона многу веројатно ќе игра во најквалитетната конкуренција во Франција.

Во Трембле игра поранешниот ракоеметар на Металург, Дамир Батиновиќ, како и ветеранот Младен Бојиновиќ, па Шеваљевиќ ќе има балканско друштво. Црногорецот претходно ги носеше дресовите на Хановер, Динамо Минск, Портланд Сан Антонио и Ловќен.