Швеѓанката ја прекина кариерата: Изабел Гулден е бремена!

Една од најдобрите светски ракометарки во последната деценија, Изабел Гулден, ќе ја прекине кариерата среде сезона.

Средниот бек на Брест Бретањ, не успеа да комплетира ниту една сезона во Франција по трансферот од романскиот ЦСМ Букурешт и ќе замине на принудна пауза.

Гулден објави на социјалните мрежи дека е бремена и дека раѓањето на детето е планирано кон крајот на месец јули оваа година.

Сепак ова нема да значи крај на кариерата на одличната Швеѓанка и таа веќе го најави својот камбек на стартот на следната сезона.