Шведскиот ветеран ќе игра до 40 години: Јонас Калман во ПИК Сегед до 2020 година!

Шведскиот интернационалец Јонас Калман не планира за брзо време да ја заврши кариерата. Тој го продолжи договорот со унгарскиот првак ПИК Сегед до 2020 година, а актуелниот му истекуваше на крајот од оваа сезона.

Тој ја игра четвртата сезона во ПИК Сегед, а иако има 37 години секогаш е меѓу најдобри стрелци на теренот. Калман потекнува од тимот на Сковде, а цели 10 сезони мина во Сиудад Реал и Атлетико Мадрид, пред да се врати во неговиот матичен клуб на една сезона.

Потоа следуваше трансферот во унгарскиот тим во 2014 година, кога дојде по барање на Хуан Карлос Пастор. Долго време ПИК Сегед беше во сенка на Веспрем, но минатата сезона предводени од Калман се вратија на врвот, а и сезонава се на добар пат да го повторат ланскиот успех.

За шведската репрезентација настапи на 222 средби и постигна 646 голови, но веќе не е дел од националниот тим.