Шахфаузен го задржува најдоброто:  Габор Часар останува до 2021

Швајцарскиот шампион, Кадетен Шафхаузен веќе ги крои плановите за наредните сезони. Еден од нив е продолжувањето на договорот со еден од најдобрите ракометари на Кадетен, Габор Часар кој останува верен до 2021. Поранешниот ракометар на ПСЖ, по доаѓањето во Кадетен е најдобар стрелец во швајцарската лига  и втор стрелец стрелец во Лигата на шампионите.

Претседателот на Кадетен е презадоволен што играч како Часар останува во клубот на подолг период. Според него, искуството на Часар е многу важно за развојот на младите играчи во тимот. Своето задоволство од продолжувањето на договор не го криеше ниту стратегот на швајцарскиот шампион, Габор Вас кој потенцираше дека задржуваат еден одличен ракометар кој ќе биде важен дел од развојот на тимот.

Унгарскиот репрезентативец Часар, по неколку сезони одиграни во Шамбери, Веспрем и ПСЖ, одлучи да остане на подолг период во Кадетен Шафхаузен. Во изјава за локалните медиуми објасни дека му се допаѓа филозофијата на тимот и поради тоа лесно ја донел одлуката да го продолжи договорот.

Благоја Филиповски