Шампионски Вардар е на една победа до историја

Во годината кога се бранат титулите во сите натпреварувања во кои минатите април и мај „црвено-црните“ доминираа, Вардар ќе се обиде да се најде со своите резултати во историјата на СЕХА-лигата.

300x250

Рекордното постигнување е веќе јасно, а тоа е бројот на победи во една сезона и бројот на освоени бодови. Со оглед на тоа што досега Вардар има 16 победи и едно реми, има 49 бода, а тоа е само еден поен помалку од рекордот на Веспрем кој имаше 16 победи и два нерешени резултати во годината кога беше на врвот од групата.

Вардар може да изброи до 52 бода така што ќе се најде на само два поени до перфекција во една СЕХА сезона. За да се случеше тоа ќе требаше да се добие и дуелот кај Брест во Белорусија. Тоа е единствениот дуел на кој вардарци сезонава не дојдоа до победа, па затоа денеска против Нексе ќе се обидат да се најдат на врвот на вечната листа.

Бројките коишто Вардар ги има сезонава се импресивни, но за нив секако ќе може повеќе да се зборува и да се споредуваат со другите после одигрувањето на дуелот против Нексе, кој е закажан за денеска во 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. Со оглед на тоа што Вардар веќе го одигра мечот од последното коло од СЕХА, овде завршува сезоната во групната фаза.