Шампионот се врати на врвот: Талески и колегите се повторно први

Победата од 32:27 над Флензбург му донесе на тимот на Рајн Некар враќање на првото место на табелата во Бундес лигата со што шампионот на Германија е одново на лидерската позиција.

300x250

Рајн Некар одигра одличен натпревар и постојано беше во предност. Четирите гола разлика (20:16) со кои беше завршено првото полувреме во вториот дел без проблеми се одржуваа. Гостите се обидоа да се вратат во игра, но освен што во неколку ситуации дојдоа до минус два гола повеќе и не можеа, па мораа рано да се откажат од можноста да стигнат до подобар резултат.

Домашните имаа целосна контрола и успеаја да стигнат до победа од 32:27, а ноите два бода значеа и враќање на првата позиција во Бундес лигата.

На оваа средба Филип Талески немаше погодоци, но имаше една асистенција.