Шампионот единствен без пораз: Вардар обезбеди елиминации, во февруари ќе брка четврт-финале

Со одигрувањето на 10. коло во групите А и Б доаѓа пауза до февруари кога продолжуваат пресметките со мечевите од следната рунда во групната фаза. Групите Ц и Д утре ќе го имаат својот епилог, па тогаш ќе биде познат конечниот пласманот.

Сепак, она што е интересно во А и Б групите е дека Вардар е единствената екипа која и после 10. коло е непоразена и која ја има убедливо најдобрата одбрана со просек од 22,4 примени голови по натпревар.

Вардар веќе го има обезбедено осминафиналето така што во февруари ќе треба да брка директен пласман во четврт-финалето, а за тоа ќе треба од гостувањето во Франција да се врати непоразен. Иако предноста изнесува три поени, сепак, Вардар засега може да биде сигурен.

Инаку, Вардар ќе гостува кај Нант на 25 февруари, а тогаш ќе се игра претпоследното коло така што можно е во тоа време сè веќе да биде познато. Првиот меч после паузата за Вардар е на 10 февруари и тоа кај Барселона. Средбите на домашен терен ќе бидат против ПИК Сегед во 12. коло и против Висла Плоцк во последното коло.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 10. КОЛО

ГРУПА А

ППД ЗАГРЕБ – РАЈН НЕКАР         30:26

ПИК СЕГЕД – ВИСЛА ПЛОЦК      24:25

ВАРДАР – КРИСТИЈАНШТАД    31:15

НАНТ – БАРСЕЛОНА      29:25

ТАБЕЛА: 1. Вардар 18 бода (271:224); 2. Нант 15 (292:277); 3. Барселона 12 (297:274); 4. Рајн Некар 12 (287:268); 5. ПИК Сегед 9 (297:286); 6. Кристијанштад 6 (252:302); 7. Висла Плоцк 4 (268:293); 8. ППД Загреб 4 (250:290).

ГРУПА Б

ФЛЕНЗБУРГ – КИЛ          30:33

БРЕСТ МЕШКОВ – ЦЕЛЈЕ             29:24

ПСЖ – АЛБОРГ 31:28

ВЕСПРЕМ – КЈЕЛЦЕ        31:26

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 18 (307:273); 2. Флензбург 14 (295:275); 3. Веспрем 13 (293:281); 4. Кил 11 (259:262), 5. Кјелце 8 (286:288), 6. Брест Мешков 7 (272:288); 7. Целје 5 (287:309); 8. Алборг 4 (269:292).