Шамбери ги симна Кире и Нант од врвот во Франција

Екипата на Нант повеќе не е лидер во шампионатот на Франција, а првата позиција беше загубена на дуелот против Шамбери кој беше одигран денеска во Нант.

Кирил Лазаров постигна три гола во мечот кој Нант го загуби пред своја публика со 29:33. Ова значеше дека Шамбери оди на врвот со 15 бода, додека Нант падна привремено на 2. место.

Со оглед на тоа што ПСЖ има натпревар помалку во некоја од следните недели ќе биде познат и дефинитивниот поредок така што е сосема извесно дека шампионот ќе се најде пред Нант.

Инаку, Кире имаше шут 3 до 6, а најефикасен во Нант беше Валеро Ривера со шест гола, додека со пет зад него остана Турно. Кај победникот Фархрудин Мелиќ со девет гола беше играчот кој зададе најмногу проблеми на одбраната на Нант.