Чупиќ за 24Ракомет ТВ: Барса беше подобар ривал од првата до последната минута (ВИДЕО)

Вардар загуби од Барселона со 26-30 во седмото коло од Лигата на шампионите, што беше прв пораз во Скопје за македонскиот првак. Десното крило Иван Чупиќ, вели дека тој и неговите соиграчи не играле ни приближно како што треба да се игра против тим каков што е Барселона.

„Пред се честитки за публиката, која дојде во голем број. Јас сум овде три години, но никогаш не сум чувствувал вака лошо после пораз како сега. Мислам дека не пруживме ни приближно добра партија, каква што треба да се пружи кога се игра против тим како Барселона“, вели Чупиќ.

Целосната изјава на Чупиќ, може да ја погледнете во видео прилогот…