ЧСМ Букурешт ја мерка Цвијиќ

Можеби најдобриот пикер во моментов во светот, Драгана Цвијиќ, на крајот на сезоната ќе си замине од Вардар. Кога стана јасно дека македонскиот тим нема да смета на ѕвездите во идната година, за Цвијиќ се шпекулираше со две можни дестинации, Ѓер или ЧСМ Букурешт.

Со оглед на тоа што Ѓер објави дека потпишал договор со норвешката репрезентативка Кари Братсет, а во ростерот ги има и Ивет Брох, плус младата унгарска репрезентативка Емоке Варга, тешко е за очекување дека ќе дојде и Цвијиќ.

Па така, шансите се зголемуваат за трансфер на српската репрезентативка во романскиот шампион и европски првак од пред две сезони. Таму во моментов на таа позиција играат Оана Манеа и Марит Фрафјорд и Анастасија Лобах.

Белоруската интернационалка ќе си замине на крајот на сезоната, па трансферот на Цвијиќ во ЛСМ не би требало да биде доведен во прашање.