ЧСМ Букурешт останува без светските шампионки: Ниомбла се сели во Мец, Ајглон во Нант

Бековската линија на ЧСМ Букурешт во следната сезона ќе изгледа многу поинаку. Веќе е потврдено дека тимот останува без услугите на двете фрацнуски репрезентативки, средниот бек Њонсиан Ниомбла и десниот бек Камил Ајглон, а може да остане и без Изабел Гулден, за кој силно е заинтересиран Брест Бретањ.

Ниомбла се повреди на натпревар од романскиот шампионат и ја чека пауза од најмалку еден месец, па нема да му помогне на тимот во битката кон Ф4. Сепак таа и повредена стави потпис на договор со Мец на две години, додека Ајглон потпиша за Нант, заедно со нејзиниот сопруг, кој игра во машкиот тим со Кире Лазаров.