ЧСМ Букурешт најде замена за Звонко Шундовски

Како што пред повеќе од месец дена објави 24Ракомет, наследник на поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски на клупата во романскиот вицепрвак ЧСМ Букурешт, ќе биде младиот шпански стратег Пау Кампос.

ЧСМ Букурешт и Шундовски лошо ја почнаа сезоната, имаа многу порази во серија, и уште во есенската полусезона беше актуелизирано неговото заминување, но во пролетната полусезона, тимот каде што игра и Гоце Георгиевски полека ја врати формата и потоа се бореше за титулата.

Замена на Шундовски на клупата на романскиот клуб ќе биде Кампос, кој беше предводник на шпанскиот второлигаш Бордиљ, а кариерата ја започнал во младинските категории на Барселона. Кампос доаѓа во ЧСМ Букурешт на препорака на актуелниот романски селектор и тренер на каталонците, Чави Пасквал.