ЧСМ Букурешт како брз воз низ Гдињa

Поранешниот европски првак ЧСМ Букурешт, предводен од фантастичната Кристина Неагу, забележа висока победа на гостувањето кај Вистал Гдиња со 23:34, па по победата над Крим, сега романскиот тим има 2 победи во 2 меча.

300x250

Домаќинките поведоа со 3:1 и тоа беше се од нив на овој дуел. Потоа на теренот постоеше само еден тим. По 4:4, ЧСМ  се одлепи на 4:8, а до крајот на полувремето направи дупла разлика, 8:16. Вториот дел беше чиста формалност, и Романките забележаа висока победа со 23:34.

Кристина Неагу даде 12 голови од 13 обиди, додека сите други ракометарки во ЧСМ има по 1 или 2 голови. Кај домаќинот три ракометарки имаа по 3 голови.