ЧСМ Букурешт и Георгиевски ја надиграа Политехника

Гоце Георгиевски со својот тим ЧСМ Букурешт се наоѓа на 3. позиција после 18. коло во првенството на Романија и има три бода помалку од лидерот Стеауа. ЧСМ Букурешт одработи добар натпревар на последното гостување и забележа триумф така што ја продолжи битката за титулата.

ЧСМ Букурешт славеше со 29:26 против Политехника Темишвар, а триумфот беше обезбеден уште после првото полувреме кога гостите водеа со 16:11.

Георгиевски на овој дуел реализираше три гола.