Човекот кој им донесе олимписко сребро на Црногорците повторно во Македонија (ФОТО)

Легендарниот стратег од Црна Гора кој веќе цела деценија е на клупата на тимот на Будуќност со кој нема конкуренција на домашна сцена, а постојано е дел од завршницата во Лигата на шампионите, Драган Аџиќ е повторно во Македонија.

Добро познатиот тренер кој многупати доаѓал во Македонија со тимот на Будуќност е дел од кампот на Стевче Алушовски и ќе работи со децата кои се дел од кампот во Маврово. Тој денес пристигна во Маврово и ќе во наредните неколку дена ќе сподели дел од своите тајни со младите кампери.

Се работи за еден од најтрофејните тренери бидејќи има две титули во Лигата на шампионите во Будуќност во 2012 и 2015 година, а со

Црна Гора победа на Европското првенство во 2012 година. Истата година на Олимписките игри во Лондон го освои и сребрениот медал така што тоа беше година кога покажа дека е стратег кој може многу.

Заедно со него во посета на летниот ракометен камп е селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски.