Чиста десетка за Нолевска, Виборг се пласира во трето коло од ЕХФ Купот

Македонската репрезентативка Наташа Нолевска имаше одличен европски викенд за неа и за нејзиниот тим Виборг. Повеќекратниот дански шампион со две победи на домашен терен над азербејџанскиот тим Мингечавир се пласираше во третото коло на ЕХФ Купот.

300x250

Виборг на првиот натпревар славеше со 38:21, а Нолевска постигна 5 голови, додека на вториот меч, данскиот претставник беше поубедлив и победи со 43:15. Десното крило и на овој меч погоди 5 пати. Следниот противник на Виборг, односно последната пречка пред групната фаза ќе биде познат следната недела.