Чешката голманска легенда ја завршува кариерата

Легендарниот чешки голман и еден од најдобрите ракометари кои ги дала оваа земја- Петр Штокл (42), ќе стави крај на својата богата ракометна кариера.

 Првиот бараж натпревар против Русија за пласман на СП во Германија и Данска кој Чешка го доби со пресврт беше последниот во кариерата за Штокл.

Чешката голманска легенда го најави тоа веднаш по завршувањето на мечот,  а Чешка нема да може да смета на неговите услуги на реванш натпреварот во Русија.

“Ова беше мојот последен натпревар.Немам Руска виза”- изјави Штокл.

Чешкиот голман имаше одлична кариера, настапувајќи за чешките Ковопетрол, Дукла, Пилсен, Алрис Прага, а во 2004 го направи првиот интернационален трансфер потпишувајќи за француски Истрес каде настапуваше две сезони. Во 2006 година премина во најсилната ракометна лига настапувајќи во екипата на Фуксе Берлин за која настапуваше цели 12 години, и во која ќе стави крај на својата богата кариера. Во оваа екипа Штокл стекна култен статус, а двапати е освојувач и на ИХФ Супер Глоуб наградата.

Голот на Чешка го бранеше на 182 натпревари во кои успеа да забележи и два погодоци зад своето име.