Четири суперлигаши „го бараат“ Котевски за тренер

Стратегот кој вчера се раздели со Бутел Скопје, Игор Котевски е еден од тренерите кои во моментов се барани од повеќе екипи од Супер лигата. Првиот тим за кој беше јасно дека сака да го види во своите редови беше Металург 2, тимот кој директно си обезбеди пласман меѓу суперлигашите, а остана без тренер откако Раде Стојановиќ се пресели во Охрид.

Покрај Металург 2 тука се и тимовите на Пелистер, Работнички и Струга, но и Прилеп е на листата на клубови кои би сакале да го видат Котевски на клупата на својот сениорски состав.

Засега е неизвесно кој клуб би можел да го добие Котевски за тренер, но јасно е дека сите сакаат да го имаат во своите редови стратегот кој зад себе има добри резултати. Тој во својата прва сезона со Бутел Скопје обезбеди директен пласман во Супер лигата и тоа со доминација во Првата лига. Потоа во минатата сезона во регуларниот дел финишираше како втор во Супер лигата, а потоа ова го оправда и во плеј-офот кога се приклучија Вардар и Металург, па беше освоено 4. место кое донесе историски успех за Бутел Скопје и пласман во Купот на ЕХФ.