Четири екс-вардарки со топ трансфери во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите во женска конкуренција направен е список на ракометарките кои летово ја менуваа средината, а на листата од најдобрите десет трансфери доминираат поранешните ракометарки на Вардар.

На врвот сосема очекувано е Амандин Лејно која во новата сезона ќе брани за тимот на Ѓер, а веднаш зад неа е Андреа Лекиќ, која замина во ЦСМ Букурешт.

Во топ 10 се и поранешната капитенка на Вардар, Јованка Радичевиќ, како и пивотот Драгана Цвијиќ.

Како изгледа топ 10 можете да видите во видеото во продолжение.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (ЖЕНИ)

ТОП 10 – ТРАНСФЕРИ

10.Катарина Булатовиќ (Ростов Дон – Будуќност)

9.Елизабет Омореги (Крим – ЦСМ Букурешт)

8.Јованка Радичевиќ (Вардар – ЦСМ Букурешт)

7.Лоис Абинг (Иси Парис – Ростов Дон)

6.Ана Грос (Мец – Брест)

5.Драгана Цвијиќ (Вардар – ЦСМ Букурешт)

4.Вероника Кристијансен (Митјиланд  – Ѓер)

3.Изабеле Гулден (ЦСМ Букурешт – Брест)

2.Андреа Лекиќ (Вардар – ЦСМ Букурешт)

1.Амандин Лејно (Вардар – Ѓер)