Четврт-финалистите во ждрепка: Можен „македонски“ двобој во Челенџ купот

Денеска екипите кои успеаја да стигнат до четврт-финалето во Купот на ЕХФ и во Челенџ купот во женска конкуренција ќе се најдат на ждрепка и ќе дознаат кои ќе им бидат ривалите на патот кон полуфиналето.

Во Купот на ЕХФ четири екипи од Данска ќе очекуваат да се избегнат па да се обидат да напишат историја со пласман во полуфиналето иако ќе биде тешко. Две екипи се во првиот, а две во вториот шешир така што е сосема извесно дека може да дојдат до двобои.

Тука нема македонски интернационалки, па вниманието ќе биде кон Шиофок каде играат две поранешни вардарки Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова.

Што се однесува до Челенџ купот таму осум екипи се во еден шешир и секој може против секого. Тука Дајана Јовановска може да се најде на дуел со Симона Стојановска. Во таква ситуација Кристијанштад би требало да се најде на дуел со Наиса.

Ждрепката почнува од 11 часот.

КУП НА ЕХФ, ЖЕНИ

ШЕШИР 1

ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)

ВИБОРГ (ДАНСКА)

ПОДРАВКА (ХРВАТСКА)

ШИОФОК (УНГАРИЈА)

ШЕШИР 2

ХЕРНИНГ ИКАСТ (ДАНСКА)

НИКОБИНГ (ДАНСКА)

СТОРХАМАР (НОРВЕШКА)

КУБАН (РУСИЈА)

ЧЕЛЕНЏ КУП

ГОМЕЛ (БЕЛОРУСИЈА)

МАЛАГА (ШПАНИЈА)

РОКАСА (ШПАНИЈА)

КВИНТУС (ХОЛАНДИЈА)

ПОГОН ШЧЕЦИН (ПОЛСКА)

НАИСА (СРБИЈА)

БОДЕН (ШВЕДСКА)

КРИСТИЈАНШТАД (ШВЕДСКА)