Четвртиот ВРХЛ турнир се игра во „Јане Сандански“

Во подготовките за четврт-финалето од Лигата на шампионите ракометарките на Вардар ќе добијат можност за проверка на формата на средби од Регионалната лига коишто од 27 до 29 март ќе бидат одиграни во СЦ „Јане Сандански“.

300x250

Ова ќе биде четвртиот турнир сезонава во Регионалната лига во женска конкуренција (ВРХЛ) каде што Вардар има перфектен биланс со оглед на тоа што ги доби сите средби на претходните три турнири.

Ова е претпоследниот турнир од натпреварувањето бидејќи ќе се одигра уште еден во текот на април. Покрај Вардар тука се и екипите на Будуќност и на Подравка, а познато е дека шампионот на Црна Гора исто така игра во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Средбите ќе бидат одиграни во три дена, а Вардар прво ќе игра против Крим на 27 март. Вториот меч против Будуќност е предвиден за 29 март.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

Вторник, 27 март, 15 часот:

ВАРДАР – КРИМ

Среда, 28 март, 11 часот:

БУДУЌНОСТ – КРИМ

Четврток, 29 март, 15 часот:

ВАРДАР – БУДУЌНОСТ