Тројца ракометари си заминаа од Охрид

Покрај тренерска смена, во тимот на Охрид ќе има и неколку играчки промени во пресрет на новата сезона од Суперлигата.

Горан Андоновски повеќе не е тренер на тимот, а на негово место доаѓа Раде Стојановиќ кој беше предводник на Металург 2.

Од играчкиот кадар, си заминуваат голманот Филип Ивановски, средниот бек Златко Везенковски, како и десниот бек Стефан Трпчевски.

Деновиве би требало да бидат познати имињата на првите засилувања за „гладијаторите“.