Чесите пристигнаа во „Борис Трајковски“, сакаат првпат да го освојат Скопје

Македонија вечерва го игра последниот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на Европското Првенство во Хрватска на почетокот на следната година. Иако и пораз, води до Хрватска, сепак тоа сценарио никој не го посакува, и сите мисли се насочени кон победнички финиш.

Во македонската репрезентација се врати Ацо Јоновски, а чешките репрезентативци најавуваат дека е дојден моментот за конечно да го освојат Скопје и да си заминат со победа и прво место во групата.