Червар мораше да менува: Бунтиќ го доби местото на повредениот Дувњак

Веќе на третиот ден од првенството во Хрватска дојде до првата замена поради повреда, а тоа го направи селекторот на домашната репрезентација. Червар мораше да го замени Домагој Дувњак, а на неговото место го вклучи Денис Бунтиќ.

Со новиот ракометар Червар доби засилување во делот  на одбраната додека во нападот ја засили позицијата десен бек која и без тоа одлично ја заврши задачата на првата средба.

Бунтиќ е играч со одлично искуство зад себе, кој веќе има играно на големите натпреварувања. Со него Хрватска ќе мора да го надомести неиграњето на Дувњак, а факт е дека сега многу повеќе ќе се очекува од средните бекови на Вардар, Лука Циндриќ и Игор Карачиќ. Двајцата ќе имаат поголема минутажа и одговорност, а секако и Стипе Мандалиниќ ќе треба да им биде од помош.