Червар: Македоније е единствена земја во светот каде ракометот е спорт број еден!

По воведната победа над Исланд, Хрватска славеше и над репрезентацијата на Јапонија со 35-27 во второто коло од Мундијалот во Германија и Данска. Селекторот Лино Червар ќе ги предводи Хрватите во битка против неговата втора татковина Македонија.

„Имаме тежок ривал, тоа се играчи кои јас сум ги тренирал, кои се желни да ја победат Хрватска Ја почитувам репрезентацијата на Македонија, тоа се играчи што добро ги познавам и направија голем прогрес. Македонија е друга татковина за мене, тоа е можеби единствена држава во Европа, каде ракометот е спорт број 1“, вели Червар.

Тој беше полн со комплименти за македонските репрезентативци.

„Јас сум внимателен пред мечот, мораме да биде најдобри ако сакаме да славиме против Македонија. имаат многу добри играчи како легендарниот Лазаров, кој го тренирав во Загреб, тука се Манасков, врвни играчи како Стоилов и голманот Ристовски, крилото Георгиевски, малиот Поповски. Победа сака и Македонија, тоа ќе биде интересен натпревар“, заврши Червар.

Натпреварот меѓу Хрватска и Македонија се игра утре со почеток во 18:00 часот.