Червар и дефинитивно со “клоца” за Металург, ќе биде нов тренер на Загреб

Ракометарите на ППД Загреб се освојувачи на титулата во Хрватската ракометна лига. “Плинарите” имаа прилично успешна сезона каде се пласираа во финалето на СЕХА Гаспром Лигата, а во домашното првенство стигнаа до својата 27 титула шампион на Хрватска.

Триумфот против Нексе од 34-27, значеше потврда за доминацијата на ППД Загреб дома, но и завршување на кариерата на неколку легендарни ракометари-Игор Вори и браќата Јосип и Тончи Валчиќ.

Покрај нив менаџерскиот тим на Загреб го најави и заминувањето на Домагој Павловиќ, Давид Миклавчиќ и Добривоје Марковиќ од главниот град на Хрватска, а секако најитересно беше прашањето за тоа кој ќе го предводи хрватскиот шампион следната сезона. Веќе е познато дека доскорашниот тренер Златко Сарачевиќ си заминува , а на негово место доаѓа Лино Червар.

“Имаме усмен договор со Червар, а по завршувањето на бараш дуелите  против Црна Гора ќе потпишеме договор.-изјави главниот менаџер на ППД Загреб-Божидар Јовиќ за хрватските медиуми.