Червар гради една нова Хрватска

Хрватскиот селектор Лино Червар го објави списокот на ракометари за репрезентативниот собир кој е закажан за 2.април.

300x250

Составот на коцкастите ќе претрпи одредени промени од последното ЕП, откако од репрезентативниот дрес се простија Мирко Алиловиќ, Игор Вори, Денис Бунтиќ и актуелниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ. Покрај нив за Хрватска повеќе нема да настапуваат и Марко Копљар и Јаков Гојун, иако вториот остава простор во иднина повторно да го облече репрезентативниот дрес.

Во списокот на ракометари кои се повикани за престојните репрезентативни обврски на Хрватската репрезентација најдоа и вардаровите ракометари Циндриќ и Карачиќ, како и левиот бек на Металург, Халил Јагањац.

Список на ракометари:

Иван Стевановиќ (Кадетен Шафхаузен)
Мате Шуњиќ (ЦСМ Букурешт)
Златко Хорват (Загреб)
Јосип Божиќ Павлетиќ (ППД Загреб)
Мануел Штрлек (Киелце)
Ловро Михиќ (Орлен Висла Плоцк)
Жељко Муса (Магдебург)
Марино Мариќ (Мелсунген)
Илија Брозовиќ (Хановер)
Марко Мамиќ (Киелце)
Халил Јагањац (Металург)
Стипе Мандалиниќ (Фуксе Берлин)
Лука Циндриќ (Вардар)
Игор Карачиќ (Вардар)
Домагој Павловиќ (ППД Загреб)
Лука Степанчиќ (ПСЖ)
Јаков Вранковиќ (Татабања)
Домагој Дувњак (Кил)

Хрватската репрезентација на 3 април заминува во Шведска каде ќе одигра два пријателски натпревари против актуелниот европски вицешампион.