Червар го навлече гневнот на хрватските навивачи

Премиернниот ден на Европското првенство во Хрватска донесе неколку супер интересни натпревари кои беа решени во последните минути.

За домаќинот Хрватска отварањето на првенството имаше посебен шмек знаејки дека за противник ја имаше Србија. Хрватските навивачи дадоа безрезервна поддршка, а што се однесува до атмосферата, Сплит покажа дека е вистински избор за домаќин на хрватскиот национален тим.

Хрватите одиграа одличен натпревар совладувајки ја Србија со високи 32-22, но остана една дамка за која навивачите посебно му замерија на селекторот Червар.

Се играше 57.минута од натпреварот кога најдобриот хрватски ракометар Домагој Дувњак легна на теренот покажувајки дека има болка на листот на ногата. Неверица во “Спаладиум арената” и безброј прашања како понатаму “во бој” без популарнит Дуле.

Хрватските навивачи се гневни на својот селектор прашувајки се што правеше Дувњак на паркетот на веќе добиен натпревар?. Зар вредеше да се ризикува со најдобриот ракометар, а во ростерот ги имате еден Карачиќ, Циндриќ, Мандалиниќ. Секако дека не. Хрватите се прашуваат како е можно ваков пропуст да му се случи на Червар кој е трофеен тренер со огромно ракометно искуство?.


Судбината на Дувњак на ова ЕП се уште е неизвесна. Тој треба да направи магнетна резонанца, по што лекарскиот тим ќе констатира дали и колку ќе биде способен да настапи во понатамошниот дел од ЕП.