Червар ги штедеше главните играчи за Македонија, Хрватска лесно ја реши јапонската загатка

Нашиот следен противник на Мундијалот во Германија и Данска, Хрватска, по воведната победа над Исланд, успешно го реши и натпреварот од второто коло против Јапонија. „Каубоите“ славеа со убедливи 35-27.

Победникот го решија уште во првиот дел кога поведоа со 18-13. По стартните 1-1, Хрватска се одлепи на 7-1 и веќе немаше дилеми до крајот на мечот. Селекторот Лино Червар ги ротираше сите ракометари и ги сочува свежи за утрешната средба со Македонија.

Во вториот дел предноста неколкупати беше зголемена на +11, 29-18 и 34-3, но до крајот Јапонците сепак се изборија за пораз од 35-27.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Златко Хорват со осум голови, пет постигна Лука Степанчиќ, а Игор Карачиќ беше стрелец на четири погодоци. Следен предизвик за Хрватска ќе биде средбата со Македонија во текот на утрешниот ден.