Червар ги отвори картите: Чупиќ, Карачиќ и Циндриќ, но и Јагањац во комбинација за ЕП

Селекторот на домаќинот на претстојното Европско првенство, Лино Червар, го објави поширокиот список на ракометари, кои бидат во конкуренција за дуелите од континенталниот шампионат. На него се наоѓаат и четворица ракометари на Вардар и Металург, бековите Игор Карачиќ, Халил Јагањац и Лука Циндриќ, како и крилото Иван Чупиќ.

300x250

Нема поголеми изненадувања на списокот на Червар, освен можеби камбекот на Денис Бунтиќ, додека Ренато Сулиќ го нема на списокот, што значи дека тој нема да се врати во националниот тим. Домагој Дувњак почна да игра за Кил, и ќе биде во составот на „коцкестите“ за ЕП.

Подготовките на Хрватска стартуваат на 18 декември во Иваниќ Град, додека завршната фаза ќе биде од 1 јануари во Сплит. Таму ќе се одигра и контролниот натпревар против Црна Гора, кој ќе биде генерална проба за ЕП.