Челична одбрана: Струга прими само 6 голови за едно полувреме

Струга останува во врвот на Првата лига, откако славеше на домашен терен над Младост Богданци со убедливи 38:17. Интересен факт е тоа што момците на Наум Танески примија само 6 голови во првиот дел, кога практично беше решен мечот, 19:6.

Во вториот дел се играше само формално до конечните 21 разлика, 38:17. Најдобри стрелеци во домашниот тим беа Христијан Ѓоршоски со 7 и Цветан Кузманоски со 6 голови, додека кај Младост се истакна Јован Гетов со 7.