Челинџ куп: Пелистер и Куманово можат во македонско дерби во 3. рунда

Екипите на Пелистер и Куманово неколку часа после објавувањето на комплетниот список на учесници во 3. рунда од Челинџ купот ги дознаа и можните противници за натпреварите кои ќе се одиграат дури во ноември.

Според рејтингот Пелистер е високо на 7. позиција што значи дека ќе добие противници рангирани од 17. до 31. место. Ова воедно значи дека и Куманово е можниот ривал на листата на противници за 3. рунда и секако најава за интересна ждрепка.

Ова значи дека е можно македонско дерби уште на стартот од сезоната во Челинџ купот, а нема да биде првпат бидејќи во минатото се има случувано две екипи од Македонија да играат во натпреварувањето. Првпат во ваков двобој беа составите на Вардар и Скопје (денес Металург), па тоа беа две интересни средби.

Затоа на 17 јули ждрепката ќе биде следена со големо внимание.

Во групата на носители се најдоа: Погон Шчецин (Полска) Кока (хрватска), Беледије (Турција), Дамес 1 (Холандија), Кристијанштад (Шведска), Пелистер (Македонија), Тун (Швајцарија), Алавариум (Португалија), Наиса (Србија), Азериол Баку (Азербејџан), Истогу (Косово), Дежеле Целје (Словенија), Валур (Исланд), Каунас (Литванија), Холон (Израел).

За овие тимови противниците доаѓаат од групата на неносители или ако сакате групата на предизвикувачи каде што е и Куманово.

Таму се најдоа следните екипи: Криваја (БиХ), Хифк (Финска), Фемина Визе (Белгија), Касано Мањаго (Италија), Гомел (Белорусија, Лација Никозија (Кипа), Ла Ласе (Малта), Ринкон Малага (Шпанија), Бјеловар (Хрватска), Анкара Јенимахале (Турција), Квинтус (Холандија), Боден (Шведска), Куманово (Македонија), Сир 1 Мајо (Португалија) и Макаби СРЛ (Израел).

Меѓу тимовите има состави кои се близу географски и нема да бидат голем трошок за патување, но има и такви кои сигурно ќе бидат проблем поради далечината. Оттаму на 17 јули ќе биде важно да се добие противник по мерка и но противник во близина на Македонија за да се избегнат поголеми трошоци за патување.