Челинџ Куп: Георгиевски и ЧСМ Букурешт ќе се соочат со Машека, Митков и Брегенц мораат на Исланд

Покрај ждрепката за третото коло во ЕХФ Купот, денеска во седиштето на ЕХФ во Виена беше одржана и ждрепката за истата рунда во Челинџ Купот, натпреварување кое догодина нема да го носи тоа име.

Поради високиот рејтинг на Македонија, немаме претставници во овој куп, но имаме двајца македонски интернационалци, кој со своите тимови обезбедија место во третото коло и ќе се борат за осминафинале.

ЧСМ Букурешт кој е бранител на титулата во ова натпреварување доби белоруски ривал, па десното крило Гоце Георгиевски и неговите соиграчи ќе се соочат со тимот на Машека. Австрискиот Брегенц, каде игра некогашниот репрзентативец Влатко Митков, ќе игра против исландскиот Валур за место во осминафиналето.

Натпреварите од третото коло ќе се играат на 16 или 17 ноември, додека реваншите се една седмица подоцна.